Утре во Вашингтон стратешки дијалог Македонија-САД
Македонската делегација ќе ја предводена шефот на дипломатијата, Муцунски, а ќе учествуваат и министрите за внатрешни, одбрана, дигитална трансформација и енергетика...

Утре во Вашингтон ќе се одржи состанок меѓу Македонија и САД за стратешкиот дијалог. Македонската делегација ќе ја предводена шефот на дипломатијата, Муцунски, а ќе учествуваат и министрите за внатрешни, одбрана, дигитална трансформација и енергетика. Домаќин ќе биде заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Лендау. Детали сè уште не се откриваат, но ќе се разговара за соработка во повеќе области. Фокусот ќе биде кон политичка и безбедносна соработка.
Се очекува македонската делегација да го покрене и прашањето за враќање на иселеничките виси, кои сад ги замрзна во јануари годинава, но и да се обиде да го вметне и прашањето за целосно повлекување на визите за македонските граѓани.
