БЛИСКИ ИСТОК

Иран има рок до утре до го отвори Ормускиот теснец

06.04.2026 09:14

Иранските власти децидни, теснецот е отворен за сите освен за непријателите...

Американскиот претседател се закани дека вторник 20 часот по источноевропско време ќе биде ден за напади на електраните и на мостовите во Иран доколку клучната бродска линија, Ормускиот теснец не биде отворен. Тој ја повтори претходната закана дека ќе предизвика пекол доколку земјата не го исполни рокот од 6 април. Иранските власти децидни, теснецот е отворен за сите освен за непријателите.

Иран објави снимки од дронови насочени кон израелски петрохемиски објекти, што дополнително ја зголемува загриженоста од поширок регионален конфликт.

„Иранското општество генерално не обрнува внимание на неговите изјави, бидејќи постојано се менуваат со контрадикторни позиции. Се чини дека Трамп стана феномен што ниту Иранците ниту Американците не се во можност целосно да го анализираат. Во однос на теснецот, тој е отворен за светот, но затворен за непријателите на Иран“, изјави Сајед Реза Салихи-Амири, министер за култура и туризам на Иран.

Кина соопшти дека е подготвена да ја продолжи координацијата со Русија во Советот за безбедност на ООН со цел да се намалат тензиите на Блискиот Исток, при што како клучен чекор се посочува итен прекин на огнот. Пораката била пренесена во разговор меѓу кинескиот и рускиот министер за надворешни работи Ванг Ји и Сергеј Лавров.