ЛИБАН

Бејрут бара преговори за прекин на војната

06.04.2026 10:00

Аун предупреди дека Либан може да се претвори во Газа...

Либанскиот претседател повика на преговори за прекин на војната меѓу Хезболах и Израел, во момент кога се интензивираат израелските напади врз јужните предградија на Бејрут. Аун предупреди дека Либан може да се претвори во Газа.

„Вистина е дека Израел сака да го направи во Либан она што го направи во Газа. Наша должност е да не дозволиме да се случи тоа што се случи во Газа. Кога рековме дека сакаме да преговараме, некои рекоа, која е поентата на дипломатијата? Би сакал да им прашам, која е поентата на војната? Сега имаме 1.400 маченици, 4.000 ранети, илјадници уништени домови, 1.200.000 раселени“, изјави Џозеф Аун, претседател на Либан.

Израелски одбранбени сили соопштија дека распоредиле резервна оклопна бригада во јужен Либан, со цел проширување на операциите против Хезболах. Во исто време, извршени се и воздушни удари врз позиции на групата.