Орбан обвини за обид за саботажа на гасовод
Министерот за надворешни работи, Сијарто, го нарече обид за терористички напад, додавајќи дека се вклопува во шемата на тековните напори на Украинците да го попречат снабдувањето со руски гас и нафта за Европа...

Унгарскиот премиер Орбан изјави дека експлозивите пронајдени во близина на гасовод во Србија што носи руски гас до Унгарија се чин на саботажа. Министерот за надворешни работи, Сијарто, го нарече обид за терористички напад, додавајќи дека се вклопува во шемата на тековните напори на Украинците да го попречат снабдувањето со руски гас и нафта за Европа.
„Врз основа на информациите што ни се достапни, планиран е чин на саботажа на делницата Војводина од гасоводот Турски тек, кој ја снабдува Унгарија со природен гас. Се консултирав со претседателот на Србија. Никој не беше повреден, а гасоводот е во функција без прекини. Му се заблагодарив на претседателот Вучиќ за работата на српските власти. Србите ја зајакнаа безбедноста околу гасоводот. Работата на овој гасовод е од витално значење за Унгарија. Преку овој гасовод добиваме 60 проценти од потрошувачката на гас, поради што наредивме засилен воен надзор и заштита на унгарскиот дел од гасоводот“, изјави Виктор Орбан, премиер на Унгарија.
Владата на Белград вчера ја информираше Будимпешта дека српските власти пронашле, како што нарекоа, експлозиви во близина на гасовод што ги поврзува Унгарија и Србија. Српскиот претседател Вучиќ изјави е во тек истрага.
