„Артемис 2“ се подготвува за историски прелет
Според податоци на НАСА, екипажот во моментот се наоѓа стотици илјади километри од Земјата и се приближува кон Месечината, при што следната клучна фаза ќе биде влегувањето во т.н. „лунарна сфера на влијание“, кога гравитацијата на Месечината ќе стане посилна од онаа на Земјата...

Екипажот на мисијата „Артемис 2“ ce подготвува за историски прелет околу Месечината. Според податоци на НАСА, екипажот во моментот се наоѓа стотици илјади километри од Земјата и се приближува кон Месечината, при што следната клучна фаза ќе биде влегувањето во т.н. „лунарна сфера на влијание“, кога гравитацијата на Месечината ќе стане посилна од онаа на Земјата.
„Нашата мисија продолжува да оди неверојатно добро. Нашиот екипаж е здрав. Додека се подготвуваме за летот покрај Месечината, сите сме исклучително возбудени. Нашиот тим за летачки операции и нашиот научен тим се подготвени за првото прелетување покрај Месечината по повеќе од 50 години“, изјави Лори Глејз, заменик-администратор на НАСА.
Четворицата астронаути веќе добиле можност да ја видат и далечната страна на Месечината. Доколку сè се одвива според планот, вселенското летало Орион ќе направи прелет кој може да постави нов рекорд за најдалечна точка од Земјата што ја достигнале луѓе. Речиси 10-дневната мисија која завршува со слетување во Пацификот на 10 април е првиот чекор во плановите на НАСА за база на Месечината и слетување на двајца астронаути во близина на јужниот пол во 2028 година.
