Охрид

МВР поднесе кривична пријава протви едно лице за незаконска сеча на шума

16.09.2014 17:13

СВР Охрид поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против Н.Н.(38) од Охрид поради незаконско издавање на одобренија за сеча на шума.

СВР Охрид поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против Н.Н.(38) од Охрид поради незаконско издавање на одобренија за сеча на шума.

Како што соопштуваат од СВР ОХРИД, пријавениот во својство на службено лице-управител во ДООЕЛ „Силва практика“ Охрид и лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, со искористување на службената положба и овластувања и со пречекорување на границите на своето овластување на 15 подносители на барања и во нивна корист, без да поседуваат комплетна документација и без потребниот геодетски елаборат, незаконски им издал 23 одобренија за сеча на приватна шума. Тоа го направил спротивно на правилникот за видот на сеча и содржината на обрасците за барање и одобрение на сеча и евиденција на сечата за површини помали од 100 хектари кои се во приватна сопственост.

Дополнително, пријавениот Н.Н. во 28 предмети издал и пополнал испратници за транспорт на пресечените дрва кои приватните лица ги пренесле до крајната дестинација а притоа не ги уплатиле потребните парични средства, законски предвидени за проширена репродукција според членот 96 од Законот за шуми, со што бил оштетен буџетот на Република Македонија во износ од 79.976 денари, сопштуваат од СВР Охрид.