Регион

Продолжи истрагата за експлозивот кај гасоводот во Србија

06.04.2026 13:30

Србија продолжува со истрагата со експлозивот кај гасоводот Балкански Ток, Орбан во обиколка на гасоводот кај границата со Србија...

Како дел од претресот во општина Кањижа во неделата во близина на гасоводот „Балкански поток“ српските безбедносни служби пронајдоа два големи пакети со експлозиви и фитили произведени во САД, кои требало да бидат употребени во диверзија на „Турски тек“ близу границата со Унгарија.

„Преку оперативната теренска работа и размена на информации со сродни служби, во конкретниот случај располагавме со информација дека конкретно лице од групата на мигранти што е воено способно ќе се обиде да изврши диверзија на гасоводот. За ова се соочувавме со многу дезинформации за начинот и времето на диверзијата“, изјави Ѓуро Јовановиќ, директор на Военобезбедносната агенција (ВБА).

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека вчера разговарал за случајот во Кањежа со Виктор Орбан кој кој денес е во посетата на унгарскиот дел од гасоводот „Турски тек“ кај Сегедин. Орбан изјави дека ситуацијата е исклучително сериозна и дека снабдувањето со гас за Унгарија не е загрозено, но дека треба да се биде многу внимателен.

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека српските власти вчера спречиле терористички напад.

Според Министерство за надворешни работи на Украина не е поврзано со инцидентот кој веројатно бил дел од руски напад со „лажно знаме“ насочен кон мешање во изборите во Унгарија.

Оливер Бранковиќ