Во Собранието расправа за Предлог-законот за Совет на јавни обвинители
Во Собранието, јавна расправа по Предлог-законот за Совет на јавни обвинители. Пред 10 дена беше усвоен предлогот во прво читање. Законот го предлага Министерството за правда, а Владата на седница во февруари го утврди предложениот текст, со кој треба да се зајакнат независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.

Со Предлог-законот за Совет на јавни обвинители опфатени се нови критериуми за да се обезбеди независност и ефикасност на Обвинителството. Сепак, останува проблем изземањето на членови на Советот да вршат друга функција, оти нема доволно кадар.
Недостаток е што со Законот за Советот на јавни обвинители нема механизам за контрола, дебатираа дел од експертите.
Во новиот предлог-закон останува дека член може да стане само правник со најмалку 15 години искуство. Опфатени се препораките од Венецијанската комисија за критериумите за унапредување на обвинители и назначување и разрешување на државен јавен обвинител.
Ирина Гелевска
