Државниот архив- столб на македонското битие
Чувар на националната меморија и мост кон европската и регионалната архивска заедница – 75 години од постоењето на Државниот архив на Република Македонија. Се одржуваат низа настани.

Државниот архив на Република Македонија не е само чувар на значајни историски документи, туку на колективната меморија-истакна директорот Богески на јубилејниот 75 роденден на институцијата. Дигитализацијата и информатичките системи остануваат главен предизвик – вели тој.
На средбата присуствуваа 14 претставници, директори на архиви од регионот и Европа, меѓу кои и архиварот на НАТО, Николас Роеш. Вели дека во нивната архива има материјали и за Македонија.
„Во НАТО архивите ја чуваме целата збирка на историјата на организацијата која датира од 1949 година. Всушност имаме материјали што се однесуваат и на времето кога Северна Македонија сè уште била во дел од Југославија. Овие документи имаат значајна вредност за разбирање на историските и политичките процеси во регионот“, изјави Роеш.
Новата поштенска марка е со мотив од архивот. Отпечатена е во 6.000 примероци. Марката е амбасадор на Македонија во светот.
Архивот располага со раритетни и уникатни документи, меѓу кои најстар е Евангелието според Лука од 12 век, како и многубројни османлиски документи од голема историска вредност.
Александра Велинова
