МЗШВ

МЗШВ: Исплатени близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци

06.04.2026 19:26

Денес е реализирана исплата од близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци, финансиска поддршка во земјоделството, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Денес е реализирана исплата од близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци, финансиска поддршка во земјоделството, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

- 89.465.370 денари кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година;

- 3.313.888 денари по мерка 7 – Финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство;

- 1.060.218 денари по подмерка 1.1 – Финансиска поддршка за предадена оризова арпа од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2025 година.

„Приоритет на кој работиме е зголемување на конкурентноста и одржливоста на земјоделскиот сектор“, велат од министерството.