МВР

Секторот за полициски работи при МВР заедно со Црвениот крст спроведоа обука за брз одговор при итни ситуации

06.04.2026 20:34

Обуката имаше за цел да ги оспособи полициските службеници како прв одговор на местото на настан при незгоди и несреќи, со акцент на навремено и правилно реагирање, стабилизација на повредени лица и спасување човечки животи до пристигнување на медицински екипи...

Министерството за внатрешни работи реализираше обука во соработка со Црвениот крст и Секторот за полициски работи од општа надлежност насочена кон унапредување на вештините на полициските службеници за укажување прва помош и перимедицинска поддршка.

Обуката имаше за цел да ги оспособи полициските службеници како прв одговор на местото на настан при незгоди и несреќи, со акцент на навремено и правилно реагирање, стабилизација на повредени лица и спасување човечки животи до пристигнување на медицински екипи.

Преку теоретски и практични вежби, учесниците стекнаа знаења и вештини за справување со различни итни ситуации, што придонесува за зголемување на безбедноста на граѓаните и поефикасно постапување на терен.

Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст и понатаму ќе продолжат со вакви активности, со цел континуирано јакнење на капацитетите на полициските службеници и унапредување на нивната подготвеност за справување со сите предизвици.