Украина

Зеленски нуди примирје за запирање на нападите

07.04.2026 10:17

Украинскиот претседател изнесе предлог до Русија за меѓусебно запирање на нападите во енергетската инфраструктура. Зеленски додаде дека безбедносните гаранции се клучни за вистински крај на војната...

Украинскиот претседател изнесе предлог до Русија за меѓусебно запирање на нападите во енергетската инфраструктура. Зеленски, додаде дека безбедносните гаранции се клучни за вистински крај на војната и траен мир. Изминатата недела Киев понуди да се почитува прекин на огнот за Велигден под слични услови.

„Доколку Русија е подготвена да ги запре нападите врз нашата енергетска инфраструктура, ние ќе бидеме подготвени да одговориме на ист начин. Овој предлог е доставен до руската страна преку Американците. Постои голем скептицизам во врска со дипломатијата и не само тука – во врска со војната на Русија против Украина. Но, исходот и дали воопшто ќе има исход зависи од сите учесници во дипломатскиот процес“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Русија вчера објави дека украинските беспилотни летала го нападнале црноморскиот терминал на Каспискиот цевководпреку кој се транзитира 1,5 проценти од светските резерви на нафта.