Венецуела

Родригез останува вршителка на должноста претседателка на Венецуела

07.04.2026 18:49

Според Уставот на јужноамериканската земја, потпретседателот може, во случај на привремено отсуство на претседателот, да дејствува наместо него до 90 дена. Овој привремен статус може да биде продолжен од парламентот за уште три месеци.

Делси Родригез останува вршителка на должноста претседателка на Венецуела. Не е познато колку долго таа ќе остане на функцијата, бидејќи парламентот сè уште јавно не гласал за продолжување на нејзиниот мандат.

Според Уставот на јужноамериканската земја, потпретседателот може, во случај на привремено отсуство на претседателот, да дејствува наместо него до 90 дена. Овој привремен статус може да биде продолжен од парламентот за уште три месеци.

По соборувањето и апсењето на Николас Мадуро од страна на САД во јануари, Делси Родригез ја презеде функцијата. Парламентот, контролиран од партијата на Родригез, може да распише предвремени избори доколку пратениците утврдат дека местото претседател е трајно испразнето.