Груевски на средби со турскиот државен врв

17.09.2014 08:32

Груевски изминатите два дена учествуваше на бизнис форуми во градот Ескишехир, индустриската област Коџаели и Измит...

Премиерот Никола Груевски денеска, во рамки на посетата на Република Турција, ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган и со својот колега, турскиот премиер Ахмет Давитоглу.
 
Груевски изминатите два дена учествуваше на бизнис форуми во градот Ескишехир, индустриската област Коџаели и Измит каде пред турските стопанственици беа презентирани поволностите што ги нуди Македонија за странските инвеститори, за отворање бизнис и нови работни места.
 
Според агендата, владината делегација предводена од премиерот во чиј состав се и  министрите без ресор за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески и Фуркан Чако, како и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Климент Шекеровски, наредните денови ќе учествува и на бизнис форуми во Анкара, Адана и Мерсин.