МВР

Масовна полициска акција против наркоподземјето во повеќе градови

07.04.2026 12:47

МВР – Бирото за Јавна Безбедност преку Одделот за организиран криминал, заедно со специјалните полициски сили и во координација со ОЈО за ГОКК, спроведува масовна акција во Скопје, Штип, Струмица, како и во селото Грчец – Скопско.

Полициска акција во повеќе градови против наркоподземјето.

МВР – Бирото за Јавна Безбедност преку Одделот за организиран криминал, заедно со специјалните полициски сили и во координација со ОЈО за ГОКК, спроведува масовна акција во Скопје, Штип, Струмица, како и во селото Грчец – Скопско.

Цел била криминална мрежа поврзана со нелегална трговија со дрога, а според првичните информации се вршат претреси на околу петнаесеттина локации и опфатени се повеќе лица од криминалното подземје. Неофицијално, во рацете на полицијата наводно паднале и имиња добро познати во криминалните кругови.

Се очекува официјална потврда од надлежните институции.