Забранета водата за пиење во осум охридски села
Забрана за пиење вода во осум охридски села. Анализите открија отсуство на хлор и присуство на ешерихија коли.

Забранета за пиење водата во осум охридски села. Поради микробиолошка контаминација, државниот инспектор за храна ја забрани употребата на вода од локалните водоводи во селата Свиништа, Завој, Куратица, Речица, Опеница, Вапила, Косел и Ливоишта.
Лабораториските анализи покажале отсуство на хлор, а во некои села откриено е присуство на ешерихија коли.
Од ЦЈЗ велат, причината за загадувањето е нередовно одржување на водоводите.
„Таму микробиолошки не се исправни, никој не ги хлорира. Нема месни заедници. Обично микробиолошки не се исправни. Тотално нехлорирана со години. Кога се правеше патот се пореметило нешто, нека си го решат-тоа што се пореметува се поправа. Нови резултати ќе има после Велигден“, вели Лидија Симоноска од Центарот за јавно здравје.
Согласно законот, месните заедници се задолжени да обезбедат безбедна вода за пиење, но во голем дел од селата тие се нефункционални. Сè до надминување на состојбата, надлежните препорачуваат водата да се преврива 30-40 минути пред употреба.
Соња Рилковска
