Инфлација

Таргетирани мерки за заштита на стандардот на граѓаните

07.04.2026 16:06

Владата по Велигден ќе интервенира со нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Премиерот Мицкоски откри дека ќе бидат таргетирани на основните прехранбени производи.

Инфлацијата мерена преку трошоците за живот, во март се зголемила за 0,7 насто споредено со февруари или за 4,9 проценти споредено со истиот месец лани. Статистика ги објави најновите податоци. Цените на мало бележат зголемување за 3,4 проценти.

Владата прави анализи дали има непазарно однесување. Доколку се утврди, по Велигденските празници ќе одлучува за носење таргетирани мерки за одредени групи на граѓани и за ограничување на профитната маржата на основните прехранбени производи и намалување на ДДВ.

Опозицијата обвинува за доцнење со мерките и за носење делумни решенија без ефект. Велат, цената ја плаќаат граѓаните кои се соочуваат со нов ценовен шок пред велигденските празници.

Од Владата, пак, велат дека со интервенцијата на ДДВ-то и акцизата на горивата, инфлацијата е преполовена во однос на очекувањата на меѓународните финансиски институции.

Раст за 2,4% во првите два месеци од годината бележат и извозот и увозот. Извозот е зголемен за 12, а увозот за 10 насто споредено со февруари мината година.

Александра Велинова