Судство

Апелација ја укина пресудата против Лидија Димова, предметот е вратен на повторно судење

07.04.2026 14:08

Во пресудата не било јасно утврдено за кои конкретни дејствија обвинетата е прогласена виновна, а за кои е ослободена, што претставува сериозен пропуст.

Укината пресудата против поранешната директорка на Еразмус, Лидија Димова. Апелација го врати предметот на повторно судење пред Основниот кривичен суд, Скопје.

Одлуката доаѓа по јавната седница одржана на 11-ти март годинава, каде судот ги уважил жалбите и на одбраната и на обвинителството поради суштествени повреди на постапката.

Во пресудата не било јасно утврдено за кои конкретни дејствија обвинетата е прогласена виновна, а за кои е ослободена, што претставува сериозен пропуст.

Предметот со сите списи е вратен на првостепениот суд на 30-ти март 2026-ти година, каде ќе треба повторно да се разгледа, соопштија од Апелациониот суд.

Лидија Димова беше осудена на две години казна затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, со обрвска да ја надомести штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција Еразмус.