Влада

Во Вашингтон состанок меѓу Македонија и САД за стратешкиот дијалог, на маса инвестиција во ретки минерали

07.04.2026 15:52

Инвестиција во ретки минерали за вадење „антимон“ од Кривопаланечко што ќе се извезува во Соединетите Американски Држави. Во Вашингтон состанок за стратешкиот дијалог. Македонската делегација ја предводи шефот на дипломатијата Муцунски, придружуван од министрите за внатрешни, одбрана, дигитална трансформација и енергетика.

Во Вашингтон состанок меѓу Македонија и САД за стратешкиот дијалог. Се разговара за соработка во повеќе области. Фокусот на политичката и безбедносната соработка. Инвестициите во преден план, премиерот Мицкоски очекува напредок и разговори за ископување и извоз на минералот „антимон“.

Шефот на македонската влада веќе имал разговори со неколку потенцијални инвеститори од САД. Не открива повеќе детали, но очекува американска заинтересираност и за проектите „Чебрен“ и „Галиште“.

Македонската делегација го покренува и прашањето за враќање на иселеничките визи, кои САД ги замрзна во јануари годинава.

Македонската делегација ја предводи шефот на дипломатијата, Муцунски, а учествуваат и министрите за внатрешни, одбрана, дигитална трансформација и енергетика. Домаќин ќе биде заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Лендау.

Миле А. Ристески