Кривичен суд

„Онкологија 2“: Одбраната ги оспорува доказите на обвинителството и бара домашен притвор за Васев и Нухи

07.04.2026 14:33

Одбраната побара укинување на притворот за двајцата обвинети ексдиректори на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и негова замена со домашен притвор, како и повлекување на паричната казна за адвокатката Анита Бегова...

Одбраната побара укинување на притворот за двајцата обвинети ексдиректори на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија и негова замена со домашен притвор, како и повлекување на паричната казна за адвокатката Анита Бегова.

Одбраната приговараше на доказите што ги презентира обвинителството, оценувајќи дека станува збор за незаверени копии без доказна вредност.

Во предметот „Онкологија 2“, Никола Васев и Нехад Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што, според обвинението, го оштетиле државниот буџет за околу 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината.