Полициска акција во повеќе градови
Делови од Скопје, Штип и Струмица под полициска опсада. Акција против наркоподземјето. Се разбива криминална мрежа поврзана со нелегална трговија со кокаин.

Полициска акција во повеќе градови. На удар наркоподземјето. Бирото за Јавна Безбедност преку Одделот за организиран криминал, заедно со специјалните полициски сили и во координација со ОЈО за ГОКК, со масовна акција во Скопје, Штип, Струмица, како и во селото Грчец – Скопско.
Цел е криминална мрежа поврзана со нелегална трговија со дрога. Претреси на околу петнаесеттина локации. Опфатени се повеќе лица од криминалното подземје.
По запленетите неколку тони марихуана на почетокот од годинава, ова е втора голема акција на полициските сили за разбивање на нарко мрежата. Во овој случај се работи за кокаин
Според безбедносните служби, станува збор за неселективна акција и директен удар врз структури кои долго време оперирале во сенка.
Марина Стојанова -Тонева
