Совет на јавни обвинители

42-ра седница на Советот на јавни обвинители

08.04.2026 08:59

Денеска треба да ја одржи четириесет и втора седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои разгледување на писмена изјава за продолжување на вршењето функција член на Советот на јавните обвинители поднесена од страна на Кети Петкова...

Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи четириесет и втора седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои разгледување на писмена изјава за продолжување на вршењето функција член на Советот на јавните обвинители поднесена од страна на Кети Петкова.

На дневен ред, на денешната седница е и донесување на одлука за престанок на функција јавен обвинител во ОЈО Скопје, за јавниот обвинител Ленче Ристовска по сопствено барање.

Пред Советот, на дневен ред е уште една одлука за престанок на функција јавен обвинител во ОЈО Скопје, за јавниот обвинител Џулијана Мишевска поради исполнување на услови за старосна пензија.