Орбан се обрати пред илјадници поддржувачи на предизборен митинг во Будимпешта
Орбан, близок сојузник на Трамп и критичар на ЕУ, рече дека „прогресивните идеологии ја држат Европа во ропство“, додека Венс го нарече бранител на „западната цивилизација“...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обрати пред илјадници поддржувачи на предизборен митинг во Будимпешта, по посетата на американскиот потпретседател Венс, кој го поддржа неговиот реизбор. Орбан, близок сојузник на Трамп и критичар на ЕУ, рече дека „прогресивните идеологии ја држат Европа во ропство“, додека Венс го нарече бранител на „западната цивилизација“. Тој тврди дека украинското разузнавање се меша во изборите во САД и Унгарија. На само пет дена пред парламентраните избори во земјата, Орбан заостанува на анкетите, но најави дека неговото движење „Реконквиста“ ќе донесе нови патриотски влади во Европа.
„Од овде, Унгарија ќе го започне европското движење за повторно освојување кое ќе доведе до нови патриотски влади и ќе создаде сила што, откако ќе го промени Вашингтон, ќе го промени и Брисел, претворајќи го од седиште на прогресивците во бастион на патриотите“, изјави Виктор Орбан, премиер на Унгарија.
