Стивнува изградбата на станови во Куманово
Намалена станбена изградба во Куманово – граѓаните намаат финансиски можности ниту да купуваат ниту да градат. И она што е веќе изградено е со низок квалитет и не се запазени основните урбанистички стандарди. Во Куманово владее урбан хаос, велат граѓаните...

Масовната изградба на станбени згради во Куманово во последната година значително се намали, за разлика од претходните кога владееше вистинска градежна експанзија. Најмногу побарувања на пазарот на станови и деловни објекти имаше од печалбарите во Авганистан, но како тие почнаа да се враќаат, се намали и интересот. Кумановци, сепак сметаат дека урбаниот хаос се уште не е среден со оглед на фактот дека голем дел од изградените објекти зафаќаат дел од пешачките зони и улици.
„Најмногу градеа печалбарите што се во Ирак и Авганистан, останатите граѓани со ниски примања не се во можност ниту да купуваат, ниту да градат.“
„Во нова зграда живееме, но сепак не е се како што треба. Становите не се како порано, нема доволен број на гаражи.“
„Не знам зошто не се води сметка таа зграда кога се гради да биде во склоп на современо урабно планирање, исто така не се води сметка ни за безбедноста се гради со послаб квалитет, а да не зборуваме за паркинг просторот кој го нема ниту една нова зграда“, велат кумановци.
Во последната година секторот за урбанизам издал 84 одобренија за граба и има 35 кои се во постапка. Од нив само 9 се наменети за колективни станбени едицници, а останатите се за изградба на индивидуални куќи. Од секторот додават дека новите законски прописи се поригорозни што довело до намалување на издадените дозволи.
„Порано се издаваа одобренија со кои не знам по кој пат од индивидални објекти ги пренаменуваа во во станбени колективни обкејти. Со поголема контрола на лице место од страна на институциите кои работат на оваа проблематика, дојде до тоа да сега на инвеститорите да им се издаваат само дозволи кои се наменети исклучиво за колективни стамбени домувања“, информира Лидија Ланг Спасовска од одделението за урбанизам.
Од градежните компании не сакаа јавно да ја коментираат новонастаната состојба, но велат дека хиперпродукцијата на станбени единици во Куманово ја намали и цената на метар квадратен станбен простор. Ако пред 3 години еден квадрат се движеше околу 700 евра, сега има понуди за продажба на станови по цена од 550 евра за метар квадратен.
Габриела Димковиќ
