Македонија

Седница на Уставниот суд, ќе се разгледуваат повеќе иницијативи и барања

08.04.2026 11:31

Уставниот суд денеска ќе расправа по повеќе иницијативи и барања, меѓу кои и оспорувањето на Колективниот договор за култура и наводи за повреда на политички права.

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 9-тата седница на која ќе се разгледуваат шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободи и права, а ќе се гласа и по еден предмет.

Во фокусот на јавноста е предметот со кој се оспорува Колективниот договор за култура. Во иницијативата се наведува дека дел од одредбите, особено за платено отсуство и пресметка на плати, не се во согласност со повеќе закони и Уставот, како и дека создаваат нееднаквост меѓу вработените во јавниот сектор.

Судот ќе го разгледа и барањето за заштита на слободи и права поднесено од Амар Мециновиќ, кој тврди дека му биле ограничени правата на фер политичко рекламирање пред локалните избори во 2025 година.

На седницата е предвидено и гласање за предметот поврзан со измените на Законот за платите на судиите, за кој веќе е поведена постапка за оценување на уставноста.