МВР

Пет лица приведени во акциска контрола на МВР, изречени 27 санкции за мотоциклисти

08.04.2026 15:24

Полицијата приведе пет лица, меѓу кои и малолетник, во засилена контрола на сообраќајот во повеќе скопски општини и Куманово, при што се изречени вкупно 27 мерки за прекршоци кај возачи на мотоцикли и други лесни возила.

Пет лица, меѓу кои и еден малолетник, се лишени од слобода во акциска контрола што вчера ја спроведе Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при МВР, на подрачјето на Куманово, Илинден, Бутел и Кисела Вода.

Контролата се реализирала во периодот од 11 до 17 часот, со посебен фокус на возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. Притоа, изречени се вкупно 27 санкции.

Од нив, три се за возачи кои управувале мотоцикли без соодветна категорија, 14 за некористење заштитен шлем, додека пет санкции се изречени за други сообраќајни прекршоци.

Приведените лица, меѓу кои и малолетник, се сомничат за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување пред стекнување право за возење.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, а акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.