Успешна приказна за жени - Ромки
Едната поранешна пратеничка и активистка, друга стоматолог. И двете успешни во нивните кариери, со порака за нивните соработници – да не се откажуваат и да се борат за нивните права.

Поранешна пратеничка, една од ретките Ромки, активистка за човекови права, но пред сè хумана личност, Латифа Шиковска даде значаен придонес за унапредување на ромската заедница во општеството. Заслужна е за Законот за регулирање на статусот на лицата со без државјанство што им овозможи на илјадници Роми да влезат во системот за да ги остварат своите основни права. Таа порачува нејзините сонародници да го намалат бројот на партии бидејќи гласовите на Ромите се делат и не можат се изборат за позиционирање на функции. Првпат вели по 3 декади нема Ром пратеник.
Образованието е најзначајното за учество на Ромите во посебни професии. Можеби успешните меѓу нив се поради стипендирањето од државата, па тоа Шиковска го гледа како модел за стимулирање за високо образование. Сепак една од нив стоматолог по професија, вели предрасудите се сè уште живи и затоа е битна и поддршката од семејството. Салије Љатиф Петрушовска за среќа ја имала.
Фаик Абди е првиот пратеник од ромска политичка партија. На локално ниво градоначалникот Курто Дудуш, Амди Бајрам беше најдолго на политичката сцена, министер без ресор Неждет Мустафа. Ромите може да се гордеат и на своите лекари Џемиле Берат, Мери Берат, Салије Љатиф Петрушовска и други. Сепак нивната застапеност сè уште не соодветствува со потребите на заедницата пред сè.
Фиљана Кока
