Опозицијата критикува, според власта мерките имаат ефект
Во Собранието не поминаа опозициските предлози за справување со кризата. Филипче обвинува – владините мерки немаат ефект, премиерот дециден – успеавме Македонија да биде земја со најниска стапка на инфлација.

Владините мерки се без ефект, економската состојба не е добра, граѓаните едноставно не можат да преживеат, вели лидерот на СДСМ, Филипче. Како што рече, поскапена е храната за 5 до 10 насто, основните прехранбени продукти, за над 200 до 300 проценти се поскапени овошјето и зеленчукот, цената на горивата се зголеми за близу 40 насто.
Поставувајќи прашање до премиерот Мицкоски, потсети дека владата одбила клучни предлози на СДСМ, како што се зголемување на минималната плата на 600 евра и пакет економски мерки-ДДВ од 5 насто за нафтените деривати и нула акциза.
Вашите мерки како солидарниот данок сега ги плаќаме и враќаме 20 милиони евра. За еврообврзниците мораме да вратиме 900 милиони евра – реплицираше премиерот Христијан Мицкоски. Посочи дека во шест квартали бруто домашниот производ бележи раст, а преземените мерки со намалувањето на ДДВ-то и акцизите придонеле земјата да има најмала стапка на инфлација.
На седница изборот на вицегувернери и за прв човек на Регулаторната комисија.
Миле A. Ристески
