Еден ќе победи
Дека е се поголема нетрпеливоста меѓу возачите на Мерцедес не е тајна, но кога тоа ќе го потврди првиот човек на тимот тогаш е јасно дека отворено искажаното непријателство може да кулминира со крајот на сезоната во Ф1.

„Целиот свој живот двајцата го посветуваат на освојување на шампионската титула и сега се тука,еден против друг, во ист болид со иста цел, еден ќе победи другиот ќе изгуби“-вели шефот на Мерцедес,Тото Волф додавајќи дека по пријателскиот однос на почетокот на сезоната меѓу Луис Хамилтон и Нико Росберг отворено искажаното непријателство меѓу нив е сосема очекувано и дека тие се ситуација од која можат многу да научат.
Нов предизвик за двајцата водечки во генералниот пласман ќе биде неделната трка за големата награда на Сингапур.