Основците тешко разбираат што читаат
Слаби се резултатите на македонските основци на меѓународните тестирања, кои се прават според методот читање со разбирање. Децата сè помалку читаат, а повеќе време минуваат со видеосодржини. Потребни се промени во наставните програми и поголема поддршка од родителите, покажува истражувањето на Институтот за социолошки и политички истражувања.

Ученици од 4-то и 8-мо одделение кои биле дел од истражувањето недоволно ги разбираат темите кои ги учат, половина од нив имаат лош и неразбирлив ракопис, имаат проблем кога треба да дадат личен став, помалку читаат, повеќе време поминуваат со видеосодржини од кои немаат едукативна корист, што според професорите доведува до слаби резултати на меѓународните тестирања, велат од Институтот.
Една од причините е и предолгото користење на мобилниот телефон. Препорака од истражувањето е да се приспособат програмите на возраста на децата, родителите наместо да прашуваат за оценка, да ги мотивираат децата да се описменат.
Истражувањето е спроведено во март и во април 2025-та година, на 1.288 ученици во 10 скопски основни училишта.
Викторија Милевска
