Прилеп
Трипуновски на средба со сточарите пред велигденските празници
08.04.2026 18:23
Субвенциите се целосно исплатени, задоволство од извозот на јагнињата и од цената. Министерот за земјоделство на средба со сточарите пред велигденските празници.

Во велигденскиот шпиц се откупени и се извезени над 100.000 јагниња. Сточарите се задоволни од цената од 280 денари. Но, мора да се разговара за проблемите за да се зголемува фондот на овци во земјава.
Со преку една милијарда денари на име субвенции за грло овца државата ја заокружи исплатата на финансиската поддршка за одгледувачите на овци. Поддршката ќе продолжи преку зачувувањето на женските јагниња за приплод да се зголеми сточниот фонд.
Инаку, лани се зголемило производството на кравјо и овчо млеко.
Елизабета Митреска
