Ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“
Во големата судница во „Идризово“, ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека. Продолжува сослушувањето на сведоци на Обвинителството. Дел од сведоците не се појавуваат на судењата, поради како што велат, тешките повреди, но и неможноста пак да се соочат со кобниот 16-ти март...

Во големата судница во „Идризово“, ново рочиште за пожарот во кочанската дискотека. Продолжува сослушувањето на сведоци на Обвинителството. Дел од сведоците не се појавуваат на судењата, поради како што велат, тешките повреди, но и неможноста пак да се соочат со кобниот 16-ти март. Судечкиот совет најави дека оправдание ќе биде само лекарска потврда дека не може да се присуствува на судењата, во спротивно ќе бидат спроведени со налог.
Формалниот управител на „Пулс“, сега починатиот Александар Карадакоски и Михајло, синот на Дејан Јованов биле пријатели, а Карадакоски заради Михајло се вратил од Скопје во Кочани за да работи во „Класик“ како шанкер. Ова беше дел од сведочењето на таткото на Александар, додавајќи дека неговиот син никогаш не работел во „Пулс“. Сведокот се изненадил кога дознал дека неговиот син се води како управител. Беше најавен уште еден сведок, но Обвинителството не добило известување дали отсуството е оправдано или не.
Родителите на настраданите изутринава на протест пред Iнститутот за судска медицина. Ги бараат резултатите од токсиколошките анализи од обдукциите.
