Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

09.04.2026 08:04

Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.