Влада
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Струга
09.04.2026 08:28
Мицкоски ќе присуствува на почеток на изградба на проект за систем за одводнување на фекални отпадни води во село Враништа...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во посета на општина Струга. Мицкоски ќе присуствува на почеток на изградба на проект за систем за одводнување на фекални отпадни води во село Враништа.
Потоа ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на туристичката улица во Струга, каде што ќе даде изјава за медиуми.
Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот ќе присуствува и на увид на градежни активности на реконструкција на улицата во населбата Езерски Лозја.
