Белград и Приштина постигнаа договор за слободно движење
Властите од Белград Властите во Белград и Приштина постигнаа договор за слободно движење на косовските граѓани на белградскиот аеродром “Никола Тесла” и уште пет граничниот премин меѓу Србија и трети земји, соопшти портпаролот на еврокомесарот за надворешна политика Маја Коцинчич по средбата меѓу работните групи на Косово и Србија.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон ја поздравува одлуката на Белград да ја прошири спогодбата за слободно движење на меѓународниот аеродром „Никола Тесла“ и пет премини со Хрватска и Унгарија, се наведува во соопштението на Европската служба за надворешни работи.
Договорот значи дека граѓаните на Косово ќе можат да патуваат низ територијата на Србија на пат за трета страна, а треба да стапи во сила најдоцна за два месеца.