МВР
Претрес во светиниколско, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
09.04.2026 19:31
Вчера во 16:35 часот во с. Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.Т.(25) од с. Ерџелија...

Вчера во 16:35 часот во с. Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.Т.(25) од с. Ерџелија, соопштија од МВР.
При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд Свети Николе, пронајдени се и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
