Македонските ракометарки поразени од Германија

09.04.2026 09:52

За македонските ракометарки ова беше четврти пораз во квалификациската група.

Македонската женска ракометна репрезентација загуби на домашен терен од Германија со 35-27 во рамки на петтото коло од групата 3 во квалификациите за пласман на Европското првенство.

За македонските ракометарки ова беше четврти пораз во квалификациската група. Македонија ќе ја чека разврската од последното коло во шесте квалификациски групи овој викенд за да дознае дали ќе обезбеди пласман на Европското првенство како една од четирите најдобро третопласирани репрезентации.

Кипријановска со шест голови беше најефикасна во македонската репрезентација која в недела во завршното коло ја очекува дуел на гостински терен против Словенија.