Зеленски: Деблокирањето на Ормускиот теснец е клучно за намалување на приходите од нафта за Русија
И Киев и Москва јавуваат за десетици соборени дронови на двете страни во текот на ноќта, додека Зеленски ја повика Русија да прекине со огнот. Го поздрави примирјето меѓу САД и Иран, додавајќи дека деблокирањето на Ормускиот теснец е клучно за намалување на приходите од нафта за Русија, чиј приход ја поттикнува војната во Украина.

Конфликтите не запираат на фронтот во Украина. Уништена комуникациска станица и складиште за опрема на украинските сили во Харковската област.
И Киев и Москва јавуваат за десетици соборени дронови на двете страни во текот на ноќта, додека Зеленски ја повика Русија да прекине со огнот. Го поздрави примирјето меѓу САД и Иран, додавајќи дека деблокирањето на Ормускиот теснец е клучно за намалување на приходите од нафта за Русија, чиј приход ја поттикнува војната во Украина.
„Ако Ормутскиот теснец може да се деблокира – што е глобална неопходност – приходите на Русија од нафта треба да продолжат да опаѓаат. Нафтата ја поттикнува руската војна и ја охрабрува. Токму затоа Русија инвестираше толку многу во поддршката на иранскиот режим и се обиде да ја продолжи таа војна“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
