Македонија

УХМР: Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

09.04.2026 19:12

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот, соопштија попладнево од Управата за хидрометеоролошки работи.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Утре и во сабота утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви, информираат од УХМР. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.

Од сабота ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник, долж Повардарието ќе достигнува брзина од 60 km/h.

Во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и во среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.