Апелација

Одложена расправата за осудените во предметот за убиствата на Вања и Панче

09.04.2026 13:14

Се одложи јавната седница закажана во Апелација на која требаше да се разгледаат жалбите во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски...

Се одложи јавната седница закажана во Апелација на која требаше да се разгледаат жалбите во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Причина – здравствената состојба на обвинетиот Боре Видевски кој се наоѓа на болничко лекување.

Осудените бараат укинување на првостепената пресуда и повторување на постапката пред Кривичниот суд.