Минчев: Видлив напредок во реформата на јавната администрација и силна посветеност кон професионална и ефикасна администрација
Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на јавната расправа посветена на нацрт-Годишниот извештај за 2025 година за имплементацијата на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023 – 2030, организирана од Министерството за јавна администрација...

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на јавната расправа посветена на нацрт-Годишниот извештај за 2025 година за имплементацијата на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023 – 2030, организирана од Министерството за јавна администрација. Целта на јавната расправа е да се презентира напредокот во спроведувањето на активностите во текот на 2025 година и да се овозможи отворена дискусија со институциите, граѓанскиот сектор и стручната јавност, со цел прибирање коментари, забелешки и предлози за понатамошно унапредување на реформскиот процес. Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека реформата на јавната администрација претставува клучен столб на доброто управување и важен предуслов за унапредување на институционалната ефикасност и квалитетот на јавните услуги.
„Ефикасната, транспарентна и одговорна администрација е темел на доброто управување, владеењето на правото и долгорочниот општествен развој. Нашата цел е јасна – да изградиме професионална, ефикасна, транспарентна и граѓански ориентирана администрација која ќе одговара на реалните потреби на граѓаните и деловната заедница“ истакна министерот Минчев.
Тој посочи дека Министерството за јавна администрација континуирано работи на зајакнување на системот за управување со човечките ресурси во јавниот сектор и на воспоставување современа и професионална административна служба. Министерот се осврна на донесувањето на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, кој создава основа за формирање Академија за јавна администрација. Како што беше истакнато, оваа институција ќе има значајна улога во континуираното унапредување на знаењата и вештините на јавните службеници и во зајакнувањето на професионалните капацитети на администрацијата. Истовремено, министерот нагласи дека Министерството работи на подобрување на координацијата и следењето на реформските процеси преку развојот на ИТ-алатка за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023 – 2030, со поддршка на ReSPA.
„Оваа алатка ни овозможува во реално време да го следиме напредокот на реформите, да идентификуваме предизвици и да обезбедиме поефикасна координација меѓу институциите“ нагласи министерот.
Беше потенцирана и важноста на законското решение за високата раководна служба, кое воспоставува професионален и транспарентен систем за избор и управување со највисоките раководни позиции во институциите, со што се зајакнува ефикасноста и одговорноста во јавниот сектор.
„Последниот извештај на Европската комисија за 2025 година ја потврдува нашата посветеност и видливиот напредок во реформата на јавната администрација. Во споредба со претходните извештаи, јасно е дека напредокот во делот на реформата е видлив и конкретен“ додаде министерот Минчев
. На јавната расправа беше нагласено дека реформата на јавната администрација претставува еден од клучните приоритети во процесот на европската интеграција на Република Македонија. Министерството за јавна администрација информираше дека нацрт-Годишниот извештај за 2025 година е јавно достапен на системот Електронски национален регистар на прописи (ЕНЕР), со што се овозможува активно учество на сите засегнати страни во процесот на унапредување на јавните политики и реформата на јавната администрација.
