14 возачи приведени за безобѕирно возење, дел без дозвола и со забрана
Во полициска акција низ државата приведени се 14 возачи поради тешки сообраќајни прекршоци, меѓу кои и управување без дозвола, со забрана и под дејство на алкохол.

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со возило. Од нив, 11 управувале без возачка дозвола, двајца возеле и покрај активна забрана, а еден бил под дејство на алкохол.
Од возачите без дозвола, тројца се евидентирани во Гостивар, по двајца во Делчево и Скопје – при што еден управувал нерегистриран мотоцикл, а по еден во Тетово, Кавадарци, Битола и Гевгелија, каде исто така е регистрирано управување на нерегистриран мотоцикл.
Во Скопје и Велес се приведени по еден возач кои управувале возило и покрај изречена забрана, додека во Берово е лишен од слобода возач кој управувал под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не управуваат возило без дозвола, со изречена забрана или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.
