Туризам

Намален интересот за празничните патувања

09.04.2026 17:13

Оваа година нашите туристи ги одложија и раните резервации. И туризмот на удар на кризата. Туристичките работници во исчекување дека ќе заврши што поскоро...

Намален е интересот за патување кај нашите граѓани од безбедносни и економски причини. Оние што сепак одлучиле да патуваат за празниците се пренасочуваат во Западна Европа, а најчест избор се Шпанија, Италија, Франција. Оваа година нашите туристи ги одложија и раните резервации. И туризмот на удар на кризата. Туристичките работници во исчекување дека ќе заврши што поскоро.

Сепак, има туристи кај кои желбата за патување е поголема од стравот. И ова лето наши граѓани ќе се одмораат на брегот на Црвено Море иако за 70-то насто е намален интересот за патување во Египет.

Повозрасните за Велигден традиционално дома. Некои пак, овој христијански празник ќе го прослават во соседството или во европските метрополи.

Туристичките работниците смируваат дека одморите и авиолетовите нема да бидат луксуз и покрај сите поскапувања.

Александра Велинова