Економија

Инфлацијата февруари-март 0,7%, варијациите на цените ќе се знаат следната недела

09.04.2026 16:51

Министерството за економија го финализира извештајот за цените на прехранбените производи. Во вторник ќе се најде на владина седница. Какви биле варијациите, ќе се објави по велигденските празници. Премиерот Мицкоски вели дека нема проблем со снабдувањето на нафтени деривати, но има раст на дневната побарувачка.

Министерството за економија следната недела ќе ја презентира на владина седница анализата на цените на основните прехранбени продукти за периодот февруари – март, по што состојбата ќе биде појасна. Премиерот Христијан Мицкоски посочува дека пресметките на Заводот за статистика и Евростат укажуваат дека земјава во истиот тој период е со инфлација од 0,7 проценти, што е исклучително поволно.

Ги следиме состојбата со цените на нафтата и покрај намалувањето. Сепак, предизвици ќе има иако досега прилично добро се справуваме со состојбите, вели шефот на владата. Два милиона литри дневно се трошат, во државата има доволни количини нафтени деривати, но намалено е производството во постројките на Блискиот Исток поради нивни оштетувања од воените дејствија.

Проблемот со обезбедување на средства за довршување на делницата Кичево-Охрид е надминат откако кинеската Ексим банка го прекина заемот. Формиран е синдикат од домашни банки со исклучително, поволни услови за завршните активности.

Миле А. Ристески