Празник

2 илјади туристи за празникот во Крушево

11.04.2026 16:00

Околу 2.000 гости и туристи, претежно домашни, ги резервираа капацитетите во Крушево за велигденските празници. Ова, велат крушевчани е одлична најава за пролетната и летната сезона. Градот е на листата на 100 топ светски дестинации кои треба да се посетат.

Крушево е веќе резервирано за Велигденските празници. Околу 2.000 гости и туристи, претежно домашни, ќе ги поминат празниците во историско и туристичко Крушево кое од лани е на листата на 100 топ светски дестинации во зелената агенда. Градот ги нуди културата, историјата традицијата и природните убавини.

Богатата посетеност и понудата за Велигден најавуваат плодна пролетна и летна туристичка сезона, пред сè, за адреналинските спортови.

Крушево е веќе етаблирана светска дестинација за посета.

Елизабета Митреска