Случај „Пулс“

Со четири нови сведоштва продолжи судењето за трагедијата во Кочани

09.04.2026 16:11

Со искази на четворица сведоци на обвинителството, во судницата во Идризово продолжи судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“. Сведочеа тројца од гостите и инспекторка за животна средина вработена во општина Кочани. Очевидците на пожарот со слични согледувања за неговото настанување, раскажаа како се спасиле кобната ноќ.

Мислевме дека е нешто мало и брзо ќе се изгасне, дека ќе може да сè се спречи, рече сведокот Анастасија Илиева зборувајќи за пожарот во дискотеката „Пулс“. И требало извесно време за да тргне кон излезот, и тоа откако Панчо од ДНК ги повикал гостите да го напуштат локалот. Од петмина во друштвото, рече таа, двајца биле малолетни, но никој не ги легитимирал пред да влезат на забавата.

„Се онесвестив меѓу вратата и тоалетите, а кога дојдов при свест видов дека има многу луѓе што лежат во бессознание. Од чадот ништо не се гледаше и имаше чуден мирис. Пожарот го снимив со мобилниот телефон, но не видов кој ги постави и активира прскалките“, изјави Анастасија Илиева - сведок.

Еден од сведоците кажа дека во дискотеката имало меѓу 600 и 700 луѓе.

Исказ даде и општинска инспекторка за животна средина. Објасни дека дента кога требало да се изврши надзор врз „Пулс“, дискотеката не работела. Никогаш потоа не се вратила, бидејќи сметала оти нема загадување врз животната средина.

 

Анита Димитријевска - Велковска