Денеска е Велики петок – најтешкиот ден во годината
Денеска е најтажниот ден во Христијанството, денот на страдањето и распнувањето на Исус Спасителот. Во сите православни цркви напладне се изнесува плаштот кој го симболизира платното во кое бил завиткан Исус откако бил симнат од крстот и го прикажува христовото погребување во гробот.

Христијанските верници кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го одбележуваат Велипеток, најтажниот ден во Христијанството, денот на страдањето и распнувањето на Исус Спасителот.
Во сите православни цркви напладне се изнесува плаштот кој го симболизира платното во кое бил завиткан Исус откако бил симнат од крстот и го прикажува христовото погребување во гробот.
На Велики петок нема литургија, но се служат царските часови, кога се читаат делови од Евангелието за страдањата на Исус.
Велипеток е ден на голема жалост, но и вовед и подготовка за Велигден, кој е најголемиот христијански празник.
