САД

Меланија Трамп ги негира врските со Џефри Епстин

10.04.2026 09:57

Според неа, приказните се целосно лажни, а онлајн обвинувањата ги нарече клевета.

Првата дама Меланија Трамп ги негира врските со Џефри Епстин и дека знае за неговите злосторства. Според неа, приказните се целосно лажни, а онлајн обвинувањата ги нарече клевета.

„Лагите што ме поврзуваат со срамниот Џефри Епштајн треба да престанат денес. Поединците што лажат за мене се лишени од етички стандарди, понизност и почит. Не се противам на нивното незнаење, туку ги отфрлам нивните злобни обиди да го оцрнат мојот углед“, изјави Меланија Трамп, прва дама на САД.

Првата дама, исто така, го повика Конгресот да одржи јавно сослушување фокусирано на преживеаните од злосторствата на Епстин, со можност да сведочат пред пратениците и нивните приказни да бидат внесени во конгресниот записник.