Протести во Каракас за повисоки плати и пензии
Претходно претседателката Родригез вети зголемување на платите од први мај. По воената операција на САД што резултираше со заробување на тогашниот претседател Николас Мадуро, протестите во земјата се интензивираа.

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Каракас. Синдикалните лидери, пензионерите и вработените во јавниот сектор излегоа на протест за повисоки плати и пензии. На демонстрациите им се придружија и роднините на затворениците, барајќи ослободување на повеќе од 500 лица кои сè уште во затворите. Од друга страна пак, лојалистите на владата маршираа како одговор на повикот од министерот за внатрешни работи кој вели дека закрепнувањето на државата не е едноставна работа.
Претходно претседателката Родригез вети зголемување на платите од први мај. По воената операција на САД што резултираше со заробување на тогашниот претседател Николас Мадуро, протестите во земјата се интензивираа.
„Венецуела има потреба од кредибилни институции за да можат да дојдат инвестиции, тие 500 милијарди за кои зборува Трамп. Ако немаме владеење на правото, нема да има никакви пари бидејќи никој нема да ги ризикува своите пари во земја каде што сите инвестиции можат да бидат експроприрани. Тоа е вистината. Повикајте избори и заминете, тоа е она што го сака венецуелскиот работник денес. Бидејќи ако на први мај добиеме зголемување од неколку долари, не, не ни треба. Сакаме плата со куповна моќ“, изјави Хозе Патинес, лидер на синдикат.
Венецуелските пратеници претходно одобрија закон за регулирање на рударството во земјата, со цел да се привлечат странски инвеститори.
