Воен конфликт
Велигденско примирје меѓу Русија и Украина
10.04.2026 11:06
Путин се согласи за велигденско примирје во Украина од утре од 16 часот до доцните попладневни часови в недела.

Рускиот претседател Путин се согласи за велигденско примирје во Украина од утре од 16 часот до доцните попладневни часови в недела.
На армијата ѝ е наредено да ги запре непријателствата во сите правци, а војниците се подготвени да се спротивстават на какви било можни провокации и агресивни дејствија.
Претходно Украина предложи прекин на огнот за време на велигденските празници, иако Кремљ негираше дека има планови за запирање на борбите на фронтот.
